Кон крајот на во месец февруари почна со работа Фитнес група во салата во ЏКДЦБВ "Д Стронгест" во нас. Кисела Вода.
Термините се во вторник и четврток од 18.20 - 19.20 часот - месечната членарина изнесува 800 денари и дополнителен термин во сабота од 17-18 часот кој што се закажува во тековната седмица и чини 100 денари по термин.
Програмата е составена од Степ аеробик, Тао Бо и многу други вежби за подобрување на кондицијата, затегнување на мускулатурата и подобрување на линијата, одстранување на масните наслаги, зголемување на аеробната способност, изучување на удари од боречките вештини итн.
Тренинзите првенствено се прилагодени за понежниот пол, но не е искључок и за сите оние од посилниот пол што сакаат да имаат добра става и кондиција. Истотака може да вежбаат и жени во поодминати години, каде што во прво време ќе им биде потребно време на прилагодување, но подоцна кога овој тренинг ќе стане навика, ќе им позавидат и помладите за нивниот изглед и позитнивното расположение.
Во текот на целиот тренинг се изведуваат разни вежби во движење ( степување ) со зголемено и намалено темпо. Тренинзите го имаат следниот распоред :
- загревање на целото тело;
- трчање или брзо одење;
- во почетокот лесно степување и лесно чекори, а со навлегувањето во вториот дел од тренингот , ритамот се зголемува;
- разни вежби во движење - степ насочени кон одреден дел на телото. Одреден сет на вежби се изведуваат со цел зајакнување на деловите од нозете и стомакот, друг сет насочен кон зајакнување на мускулите на листовите на нозете и на грбните мускули, трет сет насочен кон мускулите на задникот и градите итн.
- изведување на разни вежби во стоечка, чучната, седечка или легната положба со и без тегчиња ( 0.5 кг, 0.7 кг, 0.9 кг, 1.1 кг и 1.5 кг. );
- стречинг вежби - вежби за истегнување на целото тело ( нозе, раце, грб, врат итн.);
- статички вежби за закајнување на мускулатурата и топење на масните наслаги - вежби за стомачните мускули, разни видови на склекови прилагодени за понежниот пол, чучњеви, исчекори итн;
- на некој тренинг се изведуваат удари од боречките вештини со раце и со нозе на рачни фокусери со што вежбачите би се запознале со чувството на удар во некој предмер, тело. При овие вежби се троши многу повеќе енергија од вежбите кои се изведуваат во воздух;
- вежби за олабавување.
Со вака конципираниот тренинг ќе се подобри телесната линија, ќе се зголеми аеробниот капацитет, ќе се зајакне мускулатурата, ќе се симнат масните наслаги или едноставно кажано ЌЕ БИДЕТЕ ВО ФОРМА КОЈА ШТО ЈА ПОСАКУВАТЕ. Кога ке бидете во форма нема да бидете оптоварени со разни диети за слабеење, па ќе можете и од време на време да уживате во храната на која што сме денес многу приврзани.
Условите за тренинг се идеални. Целата сала е покриена со татами ( душеци од пресуван сунгер ), огледала, тегчиња со разни тежини, стручна програма, стручен надзор, други помагала за разни видови тренинг - рачни фокусери, ножни фокусери, вреќи итн.
Сигурно ќе се сложите сите дека проблем на сите оние кои што имаат дома разни тренажери, орбитреци и други направи за подобрување на физичкиот изглед и кондиција е што СЕКОГАШ ВЕЖБААТ САМИ, НЕМААТ АТМОСФЕРА ЗА ВЕЖБАЊЕ. На овие тренинзи во групна позитивна атмосфера многу полесно се изведуваат сите вежби и многу побрзо се стигнува до посакуваната линија.
Главен инструктор е Катерина Алексовска-Панчетовиќ. За повеќе информации можете да се обратите на 070 832 962 или на 02 2784 007.