Биографија

  Ивица Алексовски е роден во 1975 година во Скопје, Р. Македонија. Во периодот 1989-1993 година е ученик во Средното Полициско Училиште каде што за прв пат се запознава со боречките вештини. Во понатамошниот период работи во Министерството за Внатрешни Работи во Скопје и тоа како сообраќаец-мотоциклист (обезбедување на високи државни функционери и странски делегации), инспектор во Службата за Јавна и Државна безбедност се до крајот на 2003 година. Од почетокот на 2004 до 2006 година беше вработен како лично обезбедување на Вицепремиерот на Република Македонија. Од 1993 до 1997 година е припадник на Посебната Единица на Полиција на Р. Македонија.  

Тој е основач и главен инструктор во Џит Кун До Центарот за Боречки Вештини „The Strongest“ во Скопје. Своите почетоци во светот на боречките вештини ги има уште во Средното Полициско Училиште каде што четири години изучува повеќе боречки вештини како што се Џиу-Џицу, Џудо, Карате и Бокс. Изучува техники на фрлање, чистење и партер борба од Џудото, техники на ослободување од зафат, приведување, самоодбрана од невооружен и вооружен напаѓач од Џиу-Џицуто, рачни техники од Боксот и техники на ножни удари од Каратето. Во 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски, а под водство на Си-Фу Златко Неделковски. Бидејќи и самото ЏКД е составено од повеќе вештини, Ивица сакајќи да навлезе подлабоко во секоја вештина, покрај тоа што го изучува ЏКД-то во својот клуб, со свои пријатели кои се бавеле со други боречки вештини (Аикидо, Винг-Чун, Бокс итн) поодделно ги изучува и овие вештини. 
 
Во 1992 година во Битола на Првото Фул Контакт првенство во Македонија го освојува Второто место – Вицешампион на Р. Македонија.
Во 1994 година заедно со својот партнер Сашко Колевски го освојува првото  место на Турнирот кој го организира ГУВР при Министерството за Внатрешни Работи во дициплината САМООДБРАНА. Во периодот од 1994 до 1996 година е одговорен инструктор и задолжен за спроведување на програма за обука на техники од самоодбрана во Полициската Станица за БПС во Скопје. Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака, а во 2003 година со втор тоан
кај Си-Фу Златко Неделковски (Начинот на стекнување ознаки во ЏКД на територија на Македонија во тој период беа различни од светскиот начин на стекнување ознаки).Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор. Во 2004 година е под водство на ЏКД, Dose Pares Eskrima i MMA инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов.

Гостување на Си-фу Ивица со членовите од  Џит Кун До ЦБВ "The Strongest" во А1 Ексклузив

 
Од 2005 година е под водство на сегашниот негов Џит Кун До инструктор Си-Фу Роберт Пармаковски. Тој е основач на 'Trap and Snap Academy' во Мелбурн,
Австралија и е ученик на светски познатиот Ден Иносанто, Пол Вунак и Рој Харис. Ивица сега е главен инструктор во Џит Кун ДО Центарот за Боречки Вештини "The Strongest" и претставник за цела Македонија. Тој, под водство на Си-Фу Роберт Пармаковски е одговорен за ширењето на Џит Кун До-то низ Македонија и Балканот. На следниов линк може да се запознаете со Си-фу Ивица преку неговите видео изданиа:
 

Семинар на Си-фу Роберт во Македонија 2006 година

Си-фу Ивица&Си-фу Роберт

Семинар во Македонија 2006

Светскиот шампион во супер тешка категорија Џавит Бајрами & Ивица Алексовски

Одбрана на појас Приштина 2010 г. - Џавт&Ивица

Ивица & Мартин Стоилков ( македонец- борец во УФЦ ) 2010

Ивица & Љубомир Врачаревиќ & Јордан & Аце

Тренинг со македонскиот шампион во бокс Примислав

Димовски & Ивица & ЏКД Инструктори

Председателот на Македонската Федерација за Реално Аикидо

Ѓуро Илиќ & Ивица

Ивица & Братољуб Матеничарски - Брацо ( долгогодишен професор по

специјално физичко воспитување во Средното Полициско Училиште )

Тефик Бајрами & Ивица & Џавит Бајрами

Стрит фајт семинар во Маврово предводен од Ивица Алексовски 2009 г.

 

ЏКД во МКД

 

Си-фу Ивица&Си-фу Салваторе Олива - Џит Кун До Мајстор( www.fighting.ch/lang,en/aboutSOliva.html )

Си-фу Ивица&Гокор &Си-фу Љубо Јорданов - Мајстор за Џит Кун До и Филипински

боречки вештини   ( www.imasti.org/ )

Си-фу Ивица&Гокор - Светски првак во ММА, граплинг, самбо и џудо( hayastangrapplingchallenge.com/index.php )

Си-фу Ивица & Љубомир Врачаревиќ - Мајстор во Реално Аикидо 10 ДАН( www.eumartialartshalloffame.com/ljubavracarevic.html )

Раде& Дон Вилсон - 11 пати светски кик боксинг шампион и актер( www.donthedragonwilson.com/ ) &  Си-фу Ивица

Си-фу Ивица& Ким Микхаил - Мајстор за Џит Кун До ( www.combatwarriormag.com/GMMikhailKim.html ) & Раде

 

Си-фу Ивица&Си-фу Роберт

Семинар Белград 2008 - Си-фу Ивица&Раде ( Џит Кун До Инструктор во Велес )

Си-фу Ивица& Волганг Зибел - Носител на 7 ДАН во Карате, носител на 3 ДАН во џиу-џицу и 1 ДАН во џудо

( www.eumartialartshalloffame.com/wolgangsiebel.html )

Си-фу Ивица& Рони Клугер - Мајстор за Крав Мага( www.imahof.co.il/rony_kluger.htm )

Расел Мек Картни - најбрзиот мечувалец во светот ( www.eumartialartshalloffame.com/russellmccartney.html )

Демонстрација на Крав Мага Си-фу Ивица & Рони Клугер

Семинар 2008

Приватен тренинг кај Си-фу Љубо Јорданов

Си-фу Ивица&Бојан - семинар во Бугарија

кај Гокор Чивичијан

Семинар кај Гокор Ивица&Бојан

 

Семинар кај Салваторе Олива

Алек&Марко&Ивица&Салваторе
Бојан Х.& Бојан П.

 

THE STRONGEST Macedonia © 2009 Developed by shizikot