Семинар во Прилеп 2006 година
Моментално во Прилеп не е активен ЏКД клубот кој што беше предводен од промоторот за ЏКД во Прилеп Пеце Ангелески. Истиот е исклучен од понатамошна соработка од ЏКД Федерацијата на Македонија затоа што не се придржуваше до договореното, а тоа беше : да се увежбуваат и усовршуваат ЏКД техники во клубот со другите членови, материјалот што го изучуваше на ЏКД семинарите предводени од Си-фу Ивица секојдневно да го учи и да има подобрување во владеењето на техниките, да се подготвува за да полага и да се стекне со Лиценца за ЏКД Инструктор за почетна обука и тој да биде одговорен за Прилеп. Во наредниот период му беше дадена уште една шанса од Си-фу Ивица да се спреми и да полага, но тој тоа не го стори затоа што многу слабо ја владееше ЏКД техниката. Затоа ЏКД Федерацијата се оградува од техниките кои се вежбаат денес во тој клуб, односно тие техники се техники од боречки вештини, но не се Џит Кун До техники и принципи кои што се увежбуваат во Македонија и низ целиот свет.
Сега на тековниот семинар кој што се одржува секој месец во Скопје представник за Прилеп е долгогодишната инструкторка во карате, самоодбрана и аикидо Валентина Пурдеска. По завшувањето на семинарите во април 2009 година ќе има право да полага и да се стекне со Лиценца. Сите оние кои што сакаат да изучуваат ЏКД и оние кои веќе биле активни во предходниот клуб може да се обратат и да добијат одговор кај Валентина на телефон 070 77 24 72.