The Strongest - Велес

   

Џит Кун До клуб "The Strongest - Veles"

ЏКД Инструктори : Коцев Тони 070 74 66 77 и Стефановски Раде 071 27 67 69


Список на редовни членови :

1. Тренковски Славче

2. Андов Илија

3. Стојнов Ѓоре

4. Карамарков Томче

5. Алчев Костадин

6. Милосковски Драган

7. Велковски Љупче

8. Митков Слободанчо

9. Драскачев Боби

10. Андреев Михаил

11. Здравкин Здравко

12. Стојанов Дарко

13. Стојанов Ненад

14. Ризов Кире

15. Петрулев ДИмитар

16. Најдов Сашко

17. Ѓуров Ташко

18. Грумбаров Цветанчо

19. Попов Павел

20. Бошевски Стефан

21. Поповски ДУле

22. Петровски Дејан

23. Љапов Ѓорѓи

24. Бошевски Филип

25. Дамчевски Бојан

26. Самарков Ангел

 

 

Во Велес во новата сала која е во сопственост на ЏКД Центарот за Боречки Вештини The Strongest - Veles се одржуваат џит кун до тренинзите под водство на Сертифицираните ЏКД Инструктори Тони и Раде. Салата располага со 100 м2 простор покриен со татами, опремена со вреќи, многу друга опрема потребна за подобар тренинг, боди билдинг сала, тоалети, канцеларија, магацин за оставање на опремата.Тренинзи се изведуваат во услови кои се идеални за еден клуб за боречки вештини. Цената за месечен надомест за тренирање ќе биде 600 денари. Во таа цена ќе имате можност да вежбате и во боди билдинг салата која што е во склоп на Центарот.

 Со стартот на редовната сезона ќе се започне со изучување на Џит Кун До програмата која што се работи во Главниот Центар во Скопје и во Австралија под водство на ЏКД Инструкторот Коцев Тони и Стефановски Раде.

 На 07.12.2008 година ќе се одржи ЏКД семинар во Велес под водство на Главниот ЏКД Инструктор за Македонија и Балкан, си-фу Алексовски Ивица со асистенција на Тони и Раде. За содржината на семинарот има информации на нашиот сајт.

 

 Биографија за Раде Стефановски :

 Стефановски Раде, роден 03.08.1980 година во Велес, вработен во Eдиницата за Специјални Задачи - Тигар при МВР каде е со постојан работен однос од 06.03.2000 година.

 Апсолвент на Полициската Академија во Скопје. Има завршено средно полициско училиште 1998/99 година.

 Со боречки вештини се занимава од својата седма година. Тренира карате континуирано од 1988 година, па се до денес и е носител на црн појас  I дан. Во текот на изучувањето на боречките вештини се запознал со повеќе боречки вештини меѓу кои најзастапени се боксот, кик-боксот, џудото и џиу-џицата. Денес е  активен член на ЈКД Сојузот на Р. Македонија под водство на Главниот Џит Кун До Инструктор за Макеоднија и Балканот Си-фу Ивица Алексовски. Денес со својот партнер Коцев Тони се сертифицирани ЏКД Инструктори и се задолжени за ширење и развивање на џит кун до-то преку својот клуб во Велес.

 Свој сопствен клуб води веќе две години во Велес и го носи името БУДО-Центар за боречки вештини каде што се одвиваат тренинзи од областа на каратето, кик-боксот , тае бо и од 01.09.2008 г. и од областа на џит кун до-то.

 Долгогодишен репрезентативец во Македонската Карате Репрезентација, носител и на многубројни награди како на домашно така и на меѓународно ниво.

Биографија за Коцев Тони :


Роден е во 1968 г. во Велес. Со боречките бештини се запознава уште на 8 - годишна возраст , а во својата 13 година почнува   редовно да тренира  карате. Каратето со мали прекини го вежба до денес. Носител е на црн појас 1 степен од 1986 година, има освоено прво место во поединечна и екипна конкуренција во 1983 година како член на карате клубот "Алексо Демниевски - Бауман". Учесник е на повеќе демонстрации од областа на каратето, демонстрации со катана, саи и тонфи.

Се запознава со Си-фу Ивица Алексовски пред две години ( 2006 година) каде ги согледува предностите на џит кун до системот на вежбање како начин да се доведат своите способности на едно повисоко ниво. Со Ивица соработува на проширувањето на ЏКД низ Македонија. Тони изразува голема благодарност до Си-фу Ивица и Си-фу Роберт Пармаковски за укажаната шанса и укажаната доверба за несебичното предавање на овој систем.

 

 

Гостување на Си-фу Ивица во ТВ 21 - Велес заедно со своите ЏКД Инструктори Коцев Тони и Стефановски Раде прв дел

 

 

Втор дел

 

 

Трет дел

 

 

THE STRONGEST Macedonia © 2009 Developed by shizikot