Основач на Jeet Kune Do Academy вo Мелбурн, Австралија ( повеќе директни информации на www.jkdacademy.com.au ) е Си-фу Роберт Пармаковски, македонец кој што живее во Мелбурн, Австралија. Денес тој е мајстор за Џит Кун До, Кали, Таи Бокс, Кик Бокс, Винг Чун, Ескрима, Карате, Граплинг, Бокс. Во 1979 година почнува да навлегува во светот на боречките вештини изучувајќи Шотокан Карате. Во 1986 година се стекнува со црн појас 1 Дан. Во 1987 година почнува да тренира Џит Кун До, Кали ( Филипинска боречка вештина ), Винг Чун и Бокс. Две години покасно се стекунва со црн појас 2 Дан во Карате. Во 1992 година го отвара своето уникатно доџо во кое ќе се изучува џит кун до, фул контакт карате, кали, винг чун и бокс. Во 1995 година во Јапонија се стекнува со црн појас 3 Дан во карате. Во периодот од 1996 до 1999 година се натпреварува во фул контакт борби без правила ( борби слични на UFC,Pride ) и го освојува првото место во Австралија. Во 1999 година ја напушта Австралија и заминува во САД да тренира кaј својот животен сон, си-фу Пол Вунак повеќе информации на www.fighting.net. Роберт ја имал таа среќа да вежба приватно и да се дружи со Пол 24 часа дневно во период од два месеци секојден. Истата година ја отвара првата Џит Кун До Академија во Мелбурн под водство на си-фу Пол Вунак. Наредната година повторно оди во САД кај Пол и останува таму скоро два месеци каде што повторно има приватни часови секој ден. Истата година добива највисок степен во Џит Кун До од својот учител и пријател си-фу Пол Вунак.За време на дружењето со си-фу Вунак тој комплетно се запознава со Р.А.Т. системот кој е оформен од Пол кој што се базира на принципите во ЏКД и наменет е за Полициските и Воените Специјални Единици во САД ( Морнаричките Фоки, ФБИ, ЦИА, ДЕА ). Овој систем е идеален за сите оние служби кои немаат на располагање многу слободно врeме за вежбање, односно за многу кратко време треба да научат како да се оденсуваат во реални ситуации, како да се движат, каде и како да удрат при самоодбрана на себе и на други. Во тој период во САД се запознава со си-фу Рој Харис , мајсtор за Џит Кун До и Граплинг. Во 2004 година станува инструктор под си-фу Рој Харис. Си-фу Роберт бил 21 пат шампион на Мелбурн во Шотокан Карате, 13 пати шампион во карате на државата Викторија, 2 пати шампион на Австралија, еднаш бил интернационален шампион и еднаш бил шампион на Австралија во Фул Контакт борби без правила. Тој исто така е инструктор во Полициските и Воените органи во Австралија, САД, Јапонија и Европа ( Скопје, Македонија ).
Моментално е инструктор за ЏКД, за Р.А.Т. системот, а благодарејќи на својата упорност да ги изучи сите предходно горенаведни боречки вештини има формирано систем кој е прилагоден посебно за Полициските, посебно за Армиските и посебно за Специјлните органи. Сите концепти се разликуваат меѓу себе и се прилагодени кон работните задачи кој што ги извршуваат разните органи. Ако е програмот наменет за Полициските органи тогаш преовладуваат помеки методи каде што имаме повеќе зафати, приведувања, контрола на противникот, ослободување од зафати и слично, а кога е програмот наменет за Специјалните сили тогаш преовладуваат техники и методи каде што се оди на употреба на сите техники на удари и одбрани кои се многу сурови ( удар во очи, удар во гениталии и слично ), но за разлика од другите техники овие техники се многу пореални и посигурни за самоодбрана кога ни е во прашање нашиот живот или животот на нашите колеги. Си-фу Роберт е инструктор за комплетна работа со сите видови на оружје, а тука доминираат најзастапените оружја во уличните борби, стап и нож, а и сите други оружја што можат да ни помогнат во реални ситуации на самоодбрана. Покрај сите овие концепти составени од многу боречки вештини, во својата Академија има и група каде што акцентот е ставен на аеробните вежби и првенствено е наменет за оние кои што сакаат да ја намалат својата тежина, да бидат кондиционо поподготвени и да го одржуваат своето тело.
Линијата на поврзување во Џит Кун До е следна:
- Основачот на Џит Кун До-то Грaнд Мастер Брус Ли,
- Гуру Дан Иносанто,
- Си-фу Пол Вунак,
- Си-фу Роберт Пармаковски
и претставник во Македонија Си-фу Ивица Алексовски.
Демонстрација на ЏКД трапинг Си-фу Роберт & Си-фу Ивица
Ученик кој што бил најголем пријател на Брус Ли и човек кој што поминал највеќе време вежбајќи со него бил Гуру Ден Иносанто. Тој исто така добил и највисоко одликување за ЏКД од Брус и право да учи други. Човекот кој што највеќе вежбал и поминал највеќе време по семинари низ целиот свет со Гуру Ден е си-фу Пол Вунак. Тој е најголемиот промотор на Џит Кун До во светот. Тој е инструктор во ЦИА, ФБИ, Морнаричките Фоки, ДЕА и уште многу полициски и воени органи. Тој е најдобриот ученик на Ден и по зборовите на многу тој е човекот кој што продолжил да го развива ЏКД од таму каде што Брус Ли застанал. Тој внел една нова насока на изучување на боречките вештини, примена на многу реални методи за да се научи она најбитното во борбите на улица каде што не постојат правила. Денес Пол е на чело на својата организација “Progresive Fighting Sistem”.
Гостување на Си-фу Роберт и Си-фу Ивица во телевизија "Канал 5"
На следниов линк може да се запознаете со Си-фу Роберт преку неговите видео изданиа:
Демонстрација на Си-фу Роберт во Џит Кун До Центарот за боречки вештини за телевизија "Канал 4"
Си-фу Роберт и Ивица - семинар во Скопје

Си-фу Роберт&Ивица

Си-фу Пол Вунак&Си-фу Роберт
Приватни тренинзи на Си-фу Роберт кај својот ментор Си-фу Пол Вунак

Ескрима тренинг во ЏКД Академијата во Мелбурн, Австралија
Утрински тренинг на Си-фу Роберт со Си-фу Пол Вунак

Си-фу Роберт&Ивица

Си-фу Роберт

Си-фу Роберт& Гуру Ден Иносанто

Си-фу Рој Харис&Си-фу Роберт
Семинар кај Си-фу Рој Харис во 200 година и семинар одржан од Си-фу Рој одржан во JKD Academy во Мелбурн

Си-фу Роберт&Си-фу Лари Хартсел