Приватни тренинзи во Џит Кун До Центарот за Боречки Вештини
Во ЏКД ЦБВ под водство на ЏКД Инструкторот Алексовски Ивица се одржуваат приватни тренинзи.
Термините на одржување на тренинзите се договараат предходно и директно со ЏКД Инструкторот и тоа на тел. 070 24 22 88
или на маил ivica@jkdmk.com
Тренинзите можат да се поделат на две групи и тоа :
- тренинзи наменети за лица кои не тренираат во ЏКД ЦБВ;
- тренинзи наменати за редовните членови на ЏКД ЦБВ;
Во првата група се изведуваат тренинзи со следната програма од
Џит Кун До :
а) ЏКД Street Fight
– овој дел од програмата го опфаќа реалното применување на техниките
во т.н. улична борба каде што нема никакви правила при напад и одбрана
од некој напаѓач. Карактеристично за овој дел е тоа што се совладува
за кратко време и има реална примена во дадена ситуација, значи реалната
примена пред се, а не убавината и атрактивноста на изведување на некоја
техника;
б) ЏКД за Почетници
– овој дел е наменет за оние кои немаат воопшто познавање од боречките
вештини и ја опфаќа основната програмата од ЏКД каде што се застапени :
- основните техники на движење ( движење од бокс, кик бокс, таи бокс,
савате, мечување );
- основните техники на удар со рака (затворена рака, лакт),
нога(стапало, колено) (техники од бокс, кик бокс, таи бокс, савате,
филипино кали, винг чун );
- основни техники на парирање и блокади
- основни техники на клинч ( во стоечка положба или на под )
( техники од бразилска џиу-џица, борење, џудо, думог, граплинг );
- основни техники при напад и одбрана од стап (должина 65 см. );
- основни техники при напад и одбрана од нож;
в) Комбинирана програма
– оваа програма е наменета за совладување на техниките од ЏКД, но и за
подобрување на физичката издржливост, кондицијата, брзината, силата и
другите атрибути кои се потребни за примена на овој концепт.
г) Програма прилагодена за полесно полагање и стекнување на Лиценца за
Обезбедување
– разни техники на удари од карате, бокс, кик бокс, техники на приведување и
контролирање на противник, самоодбрана од невооружен и вооружен напаѓач,
падови од џудото,одбрана од палка, нож и пиштол.
д) Кондициона програма наменета за оние кои што сакаат да одржуваат добра
линија и здраво тело,прилагодена за полесно изведување, симнување на масните
наслаги, подобрување на кондицијата, силата и сл.
Во втората група се изведуваат тренинзи наменети за дооспособување,
подобро совладување на техниките на удар, движење, парирања, блокади и сл.
на редовните членови во ЏКД ЦБВ. Редовните членови истотака можат да земаат
приватни тренинзи само за оној дел од ЏКД кои ги интересира највеќе и сакаат
да го совладаат најдобро. Ова е ПРЕПОРАЧЛИВО за сите редовни напредни
членови и почетници во ЏКД ЦБВ. На еден редовен тренинг Главниот Инструктор
не може да им посвети внимание на сите присутни на редовните тренинзи
( некогаш и по 30 членови ) , па затоа би требало да се посетуваат овие
тренинзи за да се совлада побрзо и поквалитетно комплетната ЏКД Програма.
Приватните тренинзи можат да бидат :
- Приватен трениг со едно лице - овој тренинг чини 1500 денари
за 60 минути или1200 денари за 45 минути;
- Приватен тренинг со две лица – овој тренинг чини 1600 денари,
односно 800 денари по човек;
- Приватен тренинг со четири лица – овој тренинг чини 2000 денари,
односно по 500 денари по човек;
- Приватен тренинг со осум лица – овој тренинг чини 3200 денари,
односно по 400 денари по човек.
Доколку одредена група сака да земе повеќе приватни тренинзи за еден месец тогаш
со ЏКД Инструкторот се договараат за намалување на цената на тренинзите.
Сите дополнителни информации во врска со приватните тренинзи може да ги добиете
на телефон 070 24 22 88 - Алексовски Ивица или на маил zaco1975@hotmail.com."