Тренинг програма

1. Движење – основни движења

  • чекор со лизгање во сите страни (step and slide);
  • лизгање со чекор во сите страни (slide and step);
  • навалување на назад (нишање) со лизгање;
  • машки и женски триаголник (кон напред и назад);
 2. БОКС - основа
  • џеб (завртување на раката, подигање на рамото, спуштање на брадата,  извртување на шаката пред целта, извртување на половината и ротација на стопалата) ;
  • џеб со чекор напред ;
  • џеб со движење наназад (со нишање на телото);
  • џеб - крос со движење напред (еден чекор – два удари и два чекори – два удари);
  • џеб - крос наназад (прво удираме со крос ,па џеб);
  • џеб со движење во десно;
  • џеб со движење во лево (со нишање на телото – напредна техника – заштита на гениталии);
  • џеб, крос во десно;
  • џеб, крос во десно (прво крос, па џеб);
  • 1-2-1 серии, увртување нанапред во лево (се штитиме со десно рамо), па отскок наназад;
  • 1-2-1 серии, увртување во лево со десно рамо напред, па отскок наназад, па крос (силен крос);
 3. ТАИ КИК БОКС
  • 1-2-1 серии со лоу кик (таи кик) со исчекор во лево, зонинг (отварање на карлицата, подигнување на прстите од стопалото кон коленото и ударот е со цеваница);
  • крос со исчекор во лево и со левата нога лоу кик (ударот може да биде во левата нога на партнерот од внатре или во десната нога од надвор);
  • чекинг со левата нога, па свич (се изведува скоро секогаш со чекор напред), па удар со коленото(лево) ;
  • свитчинг во место - првата нога оди со свитчинг назад за да биде ударот посилен;
 
4. БОКС И ТАИ КИК БОКС – тренинг со партнер
  • истите вежби од предходно 1. и 2. само сега ги изведуваме со партнер;
  • кога завршуваме со лева рака, продолжуваме со десна нога и обратно – Принцип за изведување на посилен удар (основа при рачна и ножна техника);
5. КОНТРИРАЊЕ НА РАЧНИ УДАРИ

а) позиции под број при ескиважа (numbering system):

  • позиција број 1 - при џеб, ескиважа кон надвор;
  • позиција број 2 - при џеб, ескиважа кон внатре;
  • позиција број 3 - при крос, ескиважа кон надвор.

б) позиции при удари со нога:

  • позиција број 1 - со втората нога во надворешниот дел од противникот (лева страна);
  • позиција број 2 - со првата нога во внатрешниот дел на противникот;
  • позиција број 3 - со првата нога во надворешниот дел на противникот (десна страна).

в) ескиважа на џеб :

  • кон надвор, крос-хук-крос и лев лоу кик ,6 комбинации (НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПРИДВИЖУВАШ НАНАЗАД ПРИ ОВИЕ КОМБНИАЦИИ);
  • кон внатре - аперкат-крос-хук-кик (десна нога), 6 комбинации;
  • ескиважа на крос кон надвор, аперкат (во ребра)- хук со истата рака - крос, лев кик;
  • покривање на задниот дел од главата со исчекор во лево (апсорбирање на ударот) од кука со лева рака, хук-крос-хук-кик;
  • покривање со исчекор во десно од кука со десна рака, крос-хук-крос-кик;
  • покривање од крос (ова покривање треба да се направи така да го гледаме противникот над лактот), крос-хук-крос-кик;
  • U ескиважа на рачен удар со задна кука, крос-хук-крос-кик;
  • U ескиважа на рачен удар со предна кука, крос-кука-крос,кик;
  • АБД (“Напад со намамување” – ова е еден од петте основни напади во ЏКД формирани од Брус Ли) раширени раце во гард пред глава, го намамуваме противникот да удри меѓу рацете, парираме (блок сото уке од карате), со една рака, па удар крос со друга рака (со принцип на полнење се удира крос), крос-хук-крос-кик;
  • АБД па парирање, па 1-2-1 па кик или 2-1-2 па кик;
  • парирање и со истата рака контра удар, ба-ба ритам;
  • исто како предходно со џеб-хук,крос, кик;
  • џеб, парирање и носење на раката надвор, во исто време скип со нозете (промена), со левата рака го фаќаме за врат и удар со левото колено кон напред;
  • исто како предходно со тоа што сега не го фаќаме за врат и удираме хук кик со левата нога;
  • исто како предходно, само сега кога не напаѓа да биде крос и сега нема промена на нозете;
  • Вежби за растојание и удари во движење:
  • едниот удира со џеб и со чекор напред, а другиот се повлекува за толку;
  • едниот удира со џеб и со чекор напред, а другиот се повлекува за толку наназад со нишање и удира џеб со водечка рака, а другиот прати;
  • се исто како предходно со тоа што сега се движиме лево и десно;
  • на џеб ескиважа со исчекор (да се движат нозете) и завршен силен крос;
 
6. ПАРИРАЊЕ И КОНТРИРАЊЕ НА НОЖНИ УДАРИ
 
6.1 При ниски ножни удари:
  • при удар во надворешниот дел од бутот во левата нога, го примаме ударот, влегуваме во ударот со ногата под агол од 45 степени (стопалото треба да е на подот);
  • иста комбинација како предходно, но сега удираме со крос;
  • исто контрирање е и при удар во внатрешниот дел од бутот;
  • парирање со чекинг (подигање на ногата и стопирање со цеваницата) со мало движење. Кога оваа техника се изведува со ЈКД принципи и филозофија на борба (со тоа се разликува како техника од таи боксот) секогаш удаираме со задната рака со отворени прсти во очи;
  • чекинг (стопирање) на задната нога со директен удар (десното стопало го поставуваме на левата нога (внатрешен бут) на противникот ;
  • при удар се враќаме наназад, поминува ударот и потоа одиме напред и задаваме контра удар;
  • сите предходни контрирања се довршуваат со серија од рачни ножни удари;

6.2 При удари во средниот дел:

  • блокирање со двете раце (свиткани во гард и блокирање со подлактицата) со извртување на телото во ударот, па серија од рачни и ножни удари;
  • влегуваме во ударот со рацете до тело залепени, а може истовремено да удриме со другата нога, таи кик во внатр. дел од бутот;
  • Лап Грк – една од омилените техники на Брус Ли (ја подигаме левата рака за да го намамиме противникот да удари баш под раката во делот на ребрата и го стегаме мускулот - делтоид, ја опфаќаме ногата на противникот со која што удира), па додека ја држиме ногата удираме три кроса со рака, три колена кон горе во гениталии, колено кон горе во внатрешен дел од бутот);

6.3. При високи удари:

  • блокирање со двете подлактици (како на средно ниво);
  • заштита со двете раце свиткани, левата е на глава во гард (дланката е на задниот  дел од вратот, а лактот е на вилицата), а десната само прати и парира (може да работиме со деструкција);
  • заштита, па спуштање на ногата што не удира со помош на рацете кон надвор, влез и силен таи кик во надв. дел од бутот;
 6.4. При директни удари :
  • исчекор и парирање со излез надвор и контра удар (блок гедан бараи од карате);
  • исто како предходно само сега излез внатре;
  • исто како предхоните две, но сега со задржување на ногата (скуп) и повлекување на ногата за да го исфрлиме партнерот од рамонотежа;
 7. ТРАПИНГ
  • џеб, крос, се движиме, правиме трапинг заштита (штит) и влегуваме кон противникот, го фаќаме за врат, контрола на вратот со удари, па менуваме рака и удар со другата рака, свиминг, а потоа се одделуваме и сега другиот напаѓа;
  • при клинч - контрола со другата рака на лактот, зглобот од дланката, рамото или вратот;
 
Основни техники на трапинг:
 
а) front barrier, предна на предна :
 
1.    пак сао со директен вертикален удар – чан чои,
2.    лап сао со директен вертикален удар,
3.    пак сао кон лап сао со чан чои,
4.    лап сао кон пак сао со чан чои.
 
б) rear hand barrier - предна на задна :
 
1.    пак кон пак со чан чои;
2.    пак кон лап со чан чои;
3.    пак кон лап со удар со надланица – гуа чои;
4.    wedge (клин) серии
      -     пак сао – клин – пак сао и
      -     пак сао – клин – лап сао;
 
в) неколку комбинации на предна доле па предна горе :
 
1.    пинг чои (директен удар во тело) – пак сао – гуа чои;
2.    пинг чои - - пак сао – џао сао (кружен удар со отворена дланка во глава – уво);
3.    пинг чои – чан чои;
 
г) предна горе на предна доле:
 
1.    пак сао – пинг чои;
2.    пак сао – отворена дланка удар во гениталии;
 
д) задна доле на задна горе:
 
ѓ)   задна доле на предна горе;
 
Неколку вежби - дрилови за увежбување на трапинг :
1.    Лап сао;
2.    Ball and socket и hinge принцип;
3.    Хубад – основен дрил и преоѓање на друга ака;
4.    Пливање во клинч, контрола на бицепс, лакт и зглоб на рака;
5.    Единечен фат за врат (single collar tie);
6.    Двоен фат за врат (double collar tie);
7.    Единечен фат за рака со фат под рака (single collar tie and under hook),
        лево и десно со вметнување удари со лакти, колена и аперкати.
 
8. ГРАПЛИНГ
 
8.1 Позиции на под :
-     горила;
-     релакс;
-     комбат;
-     батерфлај.
 
Движење со овие позиции во сите страни, шадоу граплинг.
8.2 Вежби
-     граплинг стомачни вежби;
-     ротација на скапулата;
-     избегнување со половината (прво половината, па рацете и телото) и истата
        верзија со една нога избегнуваме;
-     избегнување со помош на лактот, буткаме со лактот на подот, одиме во релакс
        позиција, па стануваме;
-     вежба за брзина, кондиција и држење - едниот прави стомачни, а другиот го
        држи за колената и се движи околу него, а на крај ја поставува ногата до
        ногата нa партнерот (не се внимава да се изведува како техника, туку како
        вежба за атрибути);
-     префрлања со притисок на рамото - едниот лежи на грб, а другиот го притиска
        со рамото на стомакот, со врвот на главата допира на подот, со едната рака
        се допира на подот, а со другата рака опфаќа околу бутините на партнерот и 
        го префрла телото од едната страна кон другата и обратно;
-     вежба за лег лок - едниот е подстанат во гард, ја поставува едната нога
        меѓу нозете на партнерот, со раката го притиска коленото, ја фаќа ногата околу,
        ја става под пазува и седнува за да направи лег лок, потоа се придвижува наназад
        со релакс позиција и станува, па сега продолжува со другата нога, а партнерот
        ги држи цело време нозете поддигнати;
-     странична контрола, кеса гатаме, секогаш да има притисок врз партнерот 
        (залепен за него), сега со нозете оди наназад и со телото притиска, се држи на
        прстите на стопалата за да има поголем притисок, потоа оди со едната нога со
        колено врз стомакот на партнерот и цело време се повторуваат овие движења;
-     иста позиција како предходно со ногата на стомак, партнерот ги држи двете
        дланки споени како фокусери првиот удира три-четири удари во дланките, па цело
        време потоа повторува;
-     вежбање на кимура од гард - со повторување на кимура на една рака и на друга рака,
        а партнерот стои во гард, работиме три брзи и на последното повторување изведуваме
        кимура;
-     од гард со исфрлање на колкот - исто како предходно само што сега не правиме со
        рацете кимура туку кога одиме во лево со десната рака фаќаме левата рака на
        партнерот, а тој се левата не опфаќа околу телото и ние го подигаме колкот,
        половината, па потоа одиме на другата страна;
-     од гард со исфрање на колкот со фат за врат - исто како предходно само сега
        кога одиме во страна наместо првите две, правиме фат со десната рака околу
        вратот на противникот (гиљотина);
-     комбинации од предходните три за реален спаринг;
-     вежба од гард за арм лок - партнерот (кој е горе) ги става дланките на
        градите на партнерот (кој е доле), тој што е доле ја става раката под ногата
        на парт., го ротира телото на грбот, го подига колкот нагоре, ја држи раката со
        двете раце и со нозете прави фат околу врат;
-     од гард - триаголник - едната нога ја ставаме на колкот и се дигаме со колкот
        нагоре и правиме триаголник, а партнерот ги менува рацете кон напред – лева или
        десна;
-     вежба од маунт позиција за арм лок - ги ставаме дланките на градите на партнерот
        и се подигаме на раце, се вртиме околу неговата рака и одиме во арм бар, па колут
        назад, ротација и се враќаме во маунт;
-     правење на склекови со човек (север-југ), а потоа оди во странична позиција и
        сега пак прави склекови само сега од странична позиција (полесна варијанта е
        поблиската рака да биде подпрена наместо до дланка, да биде потпрена со лактот);
-     од странична позиција правиме извлекување - една рака местиме на вратот, една на
        половина и се извлекуваме кон назад со половината, а другиот треба да прави
        префрлање со помош на рацете (ѕвезда) на другата страна и цело време се повторува
        истото;
 
а) Корисни детали при граплинг :
 
-     при арм бар - ги ставаме нозете поблиску една до друга, залепени со петите до
        телото, ги спојуваме колената, ја факаме раката на партнерот со двете наши раце
        на делот кај лактот од внатре и правиме арм бар – лост на лакт;
-     од гард кога правиме триаголник ја местиме ногата со задниот дел од потколеницата
        над задниот дел од вратот и со рацете си помагаме да ја наместиме другата нога
        за да направиме триаголник. Ако сакаме да го зголемиме притисокот ги дигаме
        прстите на ногата која што е над вратот кон коленото, го стегаме задниот дел од
        потколеницата;
-     од гард правиме арм бар - ја фаќаме раката, ги местиме нозете над вратот и сега
        ја држиме раката до нас со палецот свртена кон горе, ги стискаме нашите колена
        едно до друго, ги стискаме петите кон нас и сега правиме арм бар;
-     при правење на кимура фатот да биде како кога вежбаме со тегови и клучот не го
        правиме кон него, туку со подисправена рака;
-     кога сме во странична позиција и правиме кимура ја фаќаме раката на ист начин
        како предходно (увртување на зглобот);
8.3 Четири позиции од горила позиција за напад:
-     број 1 : од основна позиција на колена и со фат околу вратот - ја ставаме
        десната ногата покрај левата на противникот, ја местиме другата нога под нас
        (горила) и го повлекуваме во гард;
-     број 2 : ја ставаме ногата покрај левата нога, но сега од внатрешна страна,
        ја местиме другата под нас, го повлекуваме патнерот кон нас како предходно и
        сега со десната нога (хукинг) му ја поткреваме левата нога на партнерот,
        го префрламе преку нас и ние доаѓаме над него во маунт позиција;
-     број 3 : ја ставаме ногата покрај десата нога од внатрешна страна, ја фаќаме
        со нашата лева рака левата рака на партнерот (за лактот и со десната рака си
        помагаме) и со десната рака го опфаќаме околу и го држиме под левата пазува,
        паѓаме наназад во град, а со десната нога правиме хукунг на десната нога на
        партнерот ,го префрламе преку нас и доаѓаме во странична контрола.
-     број 4 : ја ставаме десната нога од надворешниот дел на десната нога на
        противникот, сега не ја носиме левата нога до десната (горила), го ставаме
        коленото на стомакот на партнерот, го повлекуваме во гард и со левата нога о
        диме околу и го опфаќаме вратот на партнерот и правиме арм бар (летечки арм бар).
 
8.4 Странична контрола - 4 основни позиции:
-     број 1 : странична контрола, главата на партнерот ние меѓу нашата лева рака и
        лева нога, а телото меѓу нашата десна рака и десна нога
-     број 2 : странична контрола, сега нашата лева рака ни е под главата на партнерот,
        а десната исто како предходно;
-     број 3 : странична контрола : левата рака е во положба како во број 1, а десната
        рака ни е под телото на партнерот;
-     број 4 : странична контрола, и десната и левата рака сега ни се под главата и
        телото на партнерот;
-     број 5 : кеса гатаме;
-     број 6 : левата рака ни е меѓу левата рака и телото од партнерот и телото ни
        е свртено кон нозете на партнерот.
 
8.5 Избегнувања (escapes) од странична контрола :
-     од позиција 1 и 2 - го местиме лактот (долната третина од лактот) од десната рака
        на долниот дел од стомакот, со левата дланка го фаќаме левото рамо на партнерот
        и го местиме левиот лакт под брадата и го дигаме лактот нагоре (ја дигаме брадата
        на партнерот и го притискаме на гркланот), го местиме десното стопало на левото
        колено и во исто време коленото на десната нога го местиме на долниот дел од
        стомакот и со двете раце го буткаме партнерот, го враќаме горниот дел од телото
        наназад, ја местиме левата нога во позиција 2 и ја ставаме и десната нога во
        батерфлај гард;
-     од позиција 1 или 2 (пример 2) - во исто време со лактите буткаме нагоре (сега не
        ја местиме ногата), ја дигаме левата нога горе (скоро испружена), замавнуваме со
        ногата и се дигаме (се извртуваме) и сега сме во релакс позиција, па одиме во гард;
-     од позиција 3 - десната рака ја протнуваме меѓу нас и партнерот (за да ја
        протнеме подобро ја дигаме половината нагоре и кога ќе го спуштеме телото во тој
        момент је протнуваме раката и го опфаќаме околу половината, а со шаката го фаќаме
        за маицата), со левата рака го фаќаме за левото рамо, ги дигаме двете нозе нагоре
        и замавнуваме во десно, па во лево, па десно и кога ќе дојдеме во лево, правиме
        ротација (270 степени) и доаѓаме во положба за гард или некој зафат;
-     од позиција 4 - ја ставаме левата дланка на левото рамо на партнерот, десната
        подлактица ја ставаме меѓу нас, а дланката ја местиме на десното рамо и во ист
        момент ја подигаме половината нагоре, со десната нога се подигаме повисоко и се
        извртуваме на нашето лево рамо, стануваме во горила позиција;
 
8.6 Ослободувања од маунт позиција
-     ослободувања од маунт позиција кога рацете се скоро испружени - ги фаќаме нашите
        дланки, ги местиме на внатрешниот дел од лактот на десната рака, правиме упа, со
        десната рака го фаќаме палецот од десната рака на партнерот, а со левата за внатр.
        дел од лактот, со левата нога ја опфаќаме десната нога на партнерот и со стопалото
        застануваме на подот, во исто време правиме подигнување на колкот и се увртуваме
       во лево и сега ние доаѓаме во гард;
-     ослободувања од маунт позиција кога партнерот е со лактите на подот - ја
        протнуваме нашата лева рака и со движење кон надвор ја опфаќаме десната рака на
        партнерот, десната рака (дланката) ја ставаме на левиот дел од колкот на
        партнерот, со левата нога ја опфаќаме десната нога на партнерот (за време на
        тренинг секогаш десната рака на партнерот треба да ја држи на десното рамо на
        партнерот, затоа што ако ја остави на подот може да ги повреди прстите),
        а потоа се извртуваме и доаѓаме во гард;
      ослободување од маунт позиција - десната рака ни е ставена со лактот на десниот
        колк на партнерот, а со шаката го фаќаме за левиот дел од колкот (за бермудите),
        го ставаме левиот лакт меѓу нашиот лев колк и десната нога на партнерот,
        го подигаме колкот во лево и во исто време притискаме со рацете и нозете и
        бегаме наназад (на десен колк), потоа ја ставаме левата надлактица на предниот
        дел од вратот на партнероти сега бегаме во лево и завршуваме во батерфлај гард,
        па ставаме една нога, па друга нога и одиме во гард;
-     вежби од гард - се увежбува само гардот, држењето во гард, повлекување со
        нозете во една и друга страна (на едната страна од главата, па во другата) и
        цело време ги тргаме рацете на партнерот од нашите гради;
-     од гард - увежбување на кино мутаи (гризање за глава, лице, уши, врат и сл.),
        го повлекуваме кон нас и со десната и левата рака правиме зафат (чук) околу
        главата и гризаме за некој дел од главата;
-     од гард - исто како предходно со тоа што сега ние се подигаме (ако партнерот
        е испаравен и не може да го фатиме со рацете), правиме зафат со рацете околу
        вратот и гризање;
-     од гард – партнерот е во гард има една нога испружена, а другата свиткана,
        се подигаме и се изместуваме во страната каде што е ногата испружена, потоа
        паѓаме во гард и со нашата нога (до свитканата на партнерот) ја опфаќаме
        свитканата нога и го подигаме колкот и се ослободуваме во таа страна;
-     од гард - ги ставаме стапалата од колкот од партнерот и се отфрламе наназад,
        а потоа одиме во релакс позиција;
 
8.7 Буткање, хукинг, вадење од рамнотежа, хукинг на врат, рацете, нозете, влечење
-     Од релакс позиција или од батерфлај гард, цело време го буткаме партнерот,
        го влечеме за врат, правиме хукинг на раце, нозе, го вадиме од рамнотежа,
        го влечеме. Влечењето секогаш го правиме само ако сакаме да одиме во гард.
 
9. Р.А.Т.
 
        Р.А.Т. е јадрото на ЏКД. Ова е најпрактичното и најреалното во ЏКД. Во наредниот
        текст ќе наведеме само некои делови од Р.А.Т. :
 
а)      По скала – скала на бодување при спаринг. Цел на оваа скала формирана од Пол Вунак
        не е да се оценува кој има повеќе поени при спаринг, тука да се наметне што е
        најважно при спарингот. При бодувањето највеќе поени се добива за
        ПРЕСРЕТНУВАЊЕТО (ЏКД во превод е ПРЕСРЕТНУВАЊЕ) и се добива 5 поени. Еве како е
        рангирање бодувањето :
1.    ПРЕСРЕТНУВАЊЕ – INTERCEPTING (ЈЕЕТ KUNE DO)–5 поени - Тука спаѓаат ударите во
        гениталии, ударите во нозете, ножните удари за пресретнување, убод во очите.
2.    ДЕСТРУКЦИЈА – DESTRUCTIONS –(KALI) - 4 поени (деструкција на рака или нога при
        напад, удар во одредени делови на раката или ногата) - Тука спаѓаат деструкции
        на рачни удари – џеб, крос и ножни удари – ниски, среднии високи удари.
3.    ВЛЕЗ – ENRTY – (HIA = hand immobilization attack, TRAPPING, CLINCH) - 3 поени
        (изведување на влез кон противникот со гард наменет за ваков влез) - Овде спаѓа
        влезот наречен STRAIGHTBLAST (блесок кон напред). Тој се изведува веднаш по некој
        ножен удар, веднаш по некоја деструкција. Во овој дел се увежбува и изведување на
        напад по принципот на : пред, за време на и после нападот.
4.    ЗАЛАЖУВАЊЕ – FAKE (PIA = progressive indirect attack) - 2 поени (залажување во
        една страна, а изведуваме удар во друга страна) - Залажувањата може да бидат :
        залажување ниско, а удар високо, па залажаување лево, а удар десно итн.
5.    УДАР – PUNCH or KICK (SDA = single direct attack, ABC = attack by combination)
        - 1 поен (удар со рака или нога).
 
        Kако што може да се забележи од предходната скала, најголемо значење не му се
        придава на ударот, туку на пресретнувањето и деструкциите. Со тоа би требало еден
        ЈКД спаринг да не биде само просто разменување на удари па кој е посилен да
        победи, туку тоа да биде “играње на шах со партнерот” – кој е помудар и има
        подобар тајминг да победи. Со овој вид на тренинг ќе научите да ПРЕСРЕТНУВАТЕ
        и ќе бидете ЏКД борец каков што го замислил и основачот на ЏКД, Брус Ли.
 
10. МАСОВЕН НАПАД
 
        Во овој дел се увежбуваат:
      1.    Движењето при масовен напад – позајмено од американскиот фудбал за
                движење од место во лево и десно.
      2.    Залажувања – залажувања за движење во лево и во десно за да го
                збуниме или отвориме противникот.
      3.    Разбирање на принципот на борба само со еден противник – зонинг.

 

THE STRONGEST Macedonia © 2009 Developed by shizikot