Тренинзи - термини
"THE STRONGEST" е местото  во Македонија во кое се изучува Џит Кун До концептот под водство на си-фу Роберт Пармаковски кој е ученик на човекот кој што најмногу време поминал со основачот на ЏКД-то Брус Ли, Ден Иносанто и Пол Вунак - најдобриот светски стрит фајтер.
Пол Вунак е основач на "P.F.S." -"Progressive Fighting System". Пол Вунак е ученик на Ден и е еден од најбараните
инструктори за боречки вештини во САД. Неговиот програм наречен RАТ е денес широко применуван во U.S. Navy Seals, C.I.A., F.B.I., D.E A. и
уште во многу други полициски и воени органи.
Секојдневното акумулирање на многу боречки вештини, концепти и филозофии,а особено за џит кун до-то го стекнувал од неговата седма година.
Роберт е личен пријател и тренинг партнер со некои луѓе кои се во елитата на U.F.C.и Pride. Во "The Strongest" - Macedonia се изучуваат следниве боречки вештини прилагодени на џкд концептот и филозофија на борба: бокс, кик бокс, таи бокс, винг чунг, карате, аикидо, савате, бразилска џиу џица, џудо, борење, филипино кали, ескрима, нож, улична борба итн. Дојдете и уверете се дека на едно место може да ги вежбате сите овие вештини и дека овој концепт на борба Ви нуди реална заштита на улица.
 
Во Скопје постојат неколку сертифицирани клубови каде што можете да го изучувате овој концепт.
Седиштето е во Џит Кун До Центарот за Боречки Вештини "The Strongest" кој моментално се наоѓа во ОУ "Партенија Зографски" во населбата Кисела Вода ( во блиизна на Шампионче ) и таму има две групи.
Си-фу Ивица ги води првите две групи и тоа :
- напредна група - сите постари членови , а термините се во вторник и четврток од 20.00 - 21.30 часот и во недела од 18.00 - 19.30 часот и
- почетничка група - понови членови и почетници, а термините се во понеделник, среда и петок од 20.00 - 21.30 часот.
 
"The Strongest - Centar" во истиот Центар за БВ ги одржува своите тренинзи под водство на сертифицираните ЏКД Инструктори Попоски Бојан ( 070 9190521) и Брсакоски Аце ( 070 426 542) и тоа во понеделник, среда и петок од 18.00 - 19.30 часот.

"The Strongest - Aerodrom"  предводена од сертифицираните ЏКД Инструктори Христовски Бојан (070 394 497) и Ралев Златко (071 607 313) своите тренинзи ги одржуваат во спортската сала во ОУ "Лазо Ангеловски" во населбата Ново Лисиче во понеделник, среда  20.30 - 22.00 часот и сабота од 17.30 - 19.00 часот.

"The Strongest - Veles" предводена од сертифицираните ЏКД Инструктори Коцев Тони (070 746 677) и Стефановски Раде ( 071 276 769) своите тренинзи ги одржуваат во својата спортска сала ул "Коле Цветков" бр: 122 во понеделник и среда од 19.30 - 21. 00 часот и петок од 19.00 - 20.30 часот.

"The Strongest - Karpos" предводена од сертифицираниот ЏКД Инструктор Пангов Воислав (075 476 974) и неговиот помошник Тодоровски Гоце своите тренинзи ги одржуваат во  спортската  сала на ОУ "Коле Неделковски"  ( позади градежен факултет ) во понеделник,среда и петок од 17.30 - 19.00 часот.

Во ноември почна семинар за подготовка на ЏКД Инструктори за следниве градови: Прилеп, Тетово и Ресен.

Во наредниот период ќе Ве обавестиме подетално за идните инструктори.

THE STRONGEST Macedonia © 2009 Developed by shizikot